СДСМ: Дали фабрика на „Веибо груп“ во Ранковце со 5.000 вработени ќе остане уште една виртуелна инвестиција? (фото)

Сподели со своите пријатели

„Дали наводната фабрика на Веибо груп во Ранковце со наводни 5.000 вработени што ги најави Никола Груевски ќе остане уште една виртуелна инвестиција на заминатиот премиер?“ – прашуваат денес од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Од СДСМ велат дека Никола Груевски треба да им објасни на граѓаните зошто „Веибо груп“ дели откази во Скопје и се предомислува за фабриката во Ранковце и бизнисот го сели во соседството.

Денеска кога Никола Груевски ќе се фотографира во Илинден и во Кичево, нека каже прво зошто излажал за Веибо груп и Гентерм! Во прилог на ова соопштение се фотографии од Ранковце каде досега, според Груевски,требаше да има фабрика и 5.000 вработени. Локацијата е ископано земјиште и пустелија. Само таблата за виртуелната инвестиција и асфалтирана писта за хеликоптерот на турскиот инвеститор кој никогаш не слета во Ранковце сведочат за филмот на Груевски. Бројот на вработувања наместо 5.000 е нула – велат од СДСМ.

1

Loading...

 

Како што стои во соопштението за јавноста откако државата ќе им даде поволности на странските фирми тие си заминуваат од Македонија, откако ќе ги искористат парите на граѓаните.

Од Македонија заминаа и индиската компанија Индоминерали, турската фирма „Улак Амбалаж“, не дојде холанскиот инвеститор во Свети Николе кој излезе дека бил првоосомничен во неговата земја за затајување анок од 10 милиони евра. Додека Груевски и неговата власт секојдневно лажат за виртуелни инвестиции и се занимаваат со тендери, бројот на луѓе кои остануваат на улица постојано расте – велат од партијата.

2

 

Од СДСМ ветуваат дека откако ќе дојдат на власт ќе обезбедат реални вработувања во економски стабилни домашни претпријатија што ќе добијат државна помош до 50 милиони евра како и услови за реални странски инвестиции.