По повод Меѓународниот ден на млади локалниот огранок на СДММ Куманово денеска од 18 часот пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе организира акција на која граѓаните ќе можат да подарат книги.
Собраните книги, како што појаснуваат од младинскиот огранок на партијата, потоа ќе бидат подарени на социјалните центри или домови за деца.
