СБ на ОН свикува седница поради откажувањето на Украина и Русија од договорот за жито

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се состане за да разговара за ситуацијата во Украина.

Loading...

Освен тоа, тема на седницата ќе бидат и хуманитарните последици од одбивањето на Русија да го продолжи договорот за жито, објавено е на Твитер профилот на британската мисија во Обединетите нации.

Седницата треба да започне во 10 часот по локално време.

Руските власти во понеделникот најавија дека нема да го продолжат договорот за жито бидејќи, како што тврдат, не се исполнети нивните барања од договорот.

Договорот за жито првично беше потпишан во Истанбул во јули 2022 година од Турција, Обединетите нации, Русија и Украина, по што беше продолжен неколку пати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот