СБ на ОН гласа за арапскиот предлог за резолуција за Газа, САД објавија вето

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за арапскиот предлог за резолуција со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, на кој САД ставија вето.

Loading...

Резолуцијата, поднесена од Алжир како претставник на арапските земји, се очекува да добие широка глобална поддршка за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, пренесува АП.

Гласањето за оваа резолуција од страна на арапските земји е закажано во Советот за безбедност во 10 часот по локално време во Њујорк.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд потврди дека администрацијата на Бајден ќе стави вето на резолуцијата предложена од арапските држави.

Според неа, усвојувањето на тој документ би можело да ги попречи напорите на САД за постигнување договор меѓу завојуваните страни што ќе доведе до прекин на непријателствата за најмалку шест недели и ослободување на сите заложници кои ги држеше Хамас.

САД, исто така, предложија своја нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН, која бара поддршка од телото „за привремен прекин на огнот во Газа што е можно поскоро“, објави претходно агенцијата Ројтерс, која имала пристап до текстот.

Вашингтон досега избегнуваше да го користи зборот „прекин на огнот“ во ОН, но нацртот на новата резолуција ги повторува термините што американскиот претседател Џозеф Бајден ги употреби минатата недела за време на разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нацрт-американската резолуција, исто така, „утврдува дека под сегашните околности, голема копнена офанзива во Рафах би резултирала со дополнителна штета на цивилите и нивно ново раселување, веројатно во соседните земји“, објави претходно Гласот на Америка.

Loading...

Офанзивата, како што се наведува, „би има сериозни последици за регионалниот мир и безбедност“ и затоа се нагласува дека „не треба да се изведува под сегашните околности“.

Заменик американскиот амбасадор во ОН Роберт Вуд во понеделникот рече дека резолуцијата предложена од арапските држави не е „ефикасен механизам за постигнување на трите посакувани цели: извлекување заложници, поголема хуманитарна помош и подолг прекин на борбите“.

„Со американската нацрт-резолуција гледаме друга можна опција и ќе разговараме за тоа. Мислам дека не може да очекувате нешто да се случи во вторник“, рече Вуд, додавајќи дека САД не веруваат во избрзани гласања, туку го признаваат итноста на ситуацијата.

Додека израелската воена операција на палестинските автономни територии се интензивира, арапските држави, поддржани од бројни земји-членки на ОН, со месеци бараат прекин на огнот.

Бројот на убиените Палестинци досега надмина 29.000, се наведува во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа и се истакнува дека повеќето од жртвите се жени и деца.