Саудиски принц е купувачот на вилата од 320 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Саудискиот принц Мухамед бин Салман е мистериозниот купувач на луксузната француска куќа во близина на Версај за 320 милиони долари, пишува Њујорк тајмс.

По бројните шпекулации и нагодувања кој би можел да биде купувачот на сликата од Да Винчи, „Спасителот на светот“, која е платена 450 милиони долари, и наводите на „Волстрит џурнал“ дека тоа е саудискиот принц бин Салман, неговото име сега се споменува и во случајот со мистериозниот купувач на куќа близу Версај.

СИТНИЦА: Багажот на саудискиот крал тежок како 200 афрички слонови

Loading...

„Њујорк тајмс“ пишува дека документиран траг од купувањето на луксузната градба од 2015 година води преку неколку сомнителни компании до саудискиот принц.

Куќата близу Версај е исклучително луксузно опремена со вински подрум, кино, канали и подводни простории.

Чини 320 милиони долари, а магазинот „Форчун“ го нарекува најскапа куќа во светот.

Нејзиниот купувач не е познат, меѓутоа „Њујорк тајмс“ наведува дека документите покажуваат дека истата е во сопственост на инвестициска компанија, која ја овид личната фондација на принцот.

 

 

Саудиската влада одбила да ги коментира наводите. Портпаролот на амбасадата во Вашингтон го обвинил новинарите за субјективно известивање и лична пресметка.

Гледано однадвор, куќата делува како замок од 17 век, изграден во сличен стил како блиската палата Версај.

Тајниот живот на шеиците: Зависници од секс, дрога и пари..

Меѓутоа, тоа не е случајот. Изградена е откако градежникот Емад Кашоги ја срушил градбата од 19 век која претходно стоела на имотот од 23 хектари и одвнатре е исклучително модерна.

Се е опремено со најнова техника, која, вклучувајќи светла, греење, разладување и музика, може да се управува и од паметен телефон.