Саудиска Арабија: Нафтената рафинерија нападната со дрон

Сподели со своите пријатели

Рафинерија во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, вечерва била нападната со дрон, но резервите на нафта останале недопрени, јави државната саудиска агенција СПА.

 

Сцени од Днепар по гранатирањето: Градот нападнат првпат од почетокот на операцијата

 

Нападот предизвикал мал пожар кој беше изгаснат и по него нема повредени или жртви, додава СПА, цитирајќи соопштение од Министерството за енергетика.

– Рафинериското работење и набавката на нафтени деривати не се загрозени – се додава во соопштението.