Саудиска Арабија двојно го зголеми увозот на нафта од Русија

Сподели со своите пријатели

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, двојно го зголеми увозот на нафта од Русија, бидејќи Москва во моментов ја продава својата нафта со значителни попусти.

Loading...

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го посети кралството.

Во вториот квартал на 2022 година, од април до јуни, 647.000 тони нафта пристигнале во Саудиска Арабија преку руските и естонските пристаништа. Ова го објави новинската агенција Ројтерс, која се повикува на податоците на Refinitiv, 

Тоа одговара на количина малку поголема од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно.

Во истиот период лани вкупното количество увезено нафта од Русија изнесувало 320.000 тони, пренесува ДВ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшна бура ги опустоши Филипините, најмалку 26 загинати (ВИДЕО)

Саудиска Арабија користи руска нафта за производство на електрична енергија и потоа може да произведува и извезува сопствена нафта.

На Арапскиот Полуостров е потребно особено големо количество електрична енергија за ладење во жешките летни месеци – токму сега.

Промена на пазарот

Поради санкциите, особено од Европската унија, Русија ја продава својата нафта на светскиот пазар со значителни попусти.

Loading...

Со оглед на војната на Русија против Украина, некои земји одбиваат да купат нафта од Русија.

Од друга страна, огромните економии како Кина и Индија, земји во Африка и Блискиот Исток, го зголемија увозот на овој енергенс од Русија.

Извозот на нафта – тема за време на посетата на Бајден на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Бајден попладнево пристигнува во кралството, што е последната станица од неговото патување на Блискиот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Револуција во Норвешка: Социјалните мрежи се забранети за луѓе на оваа возраст

Се очекува тој да се обиде да го убеди тоа кралство да го зголеми извозот на нафта и со тоа да иницира пад на цените на светскиот пазар.

Не само во ЕУ, туку и во САД, високите цени на горивата во моментов се голем проблем.

Џозеф Бајден во Вашингтон

Бајден е под огромен притисок во САД поради наглиот пораст на цените на горивото – и само четири месеци пред важните конгресни избори.

Бајден ги отфрла обвинувањата дека со своето патување во Саудиска Арабија ја става поевтината нафта пред човековите права.