Одморалиште на плажа преполно со утврдувања, главен пат обложен со противтенковски ровови – сателитската анализа откри некои од обемните одбранбени системи што Русија ги изгради додека се подготвува за голема украинска контраофанзива.
По неколку месеци застој во Украина, очекуваната руска офанзива веројатно ќе биде клучен тест за украинската одбрана.
Со анализа на стотици сателитски снимки, Би-Би-Си откри каде се изградени ровови и други видови утврдувања на југот на Украина.
Ова се четири локации кои даваат увид каков контранапад очекуваат Русите и со што би можела да се соочи украинската армија.
Западниот брег на Крим
Иако денес е попознат поради руската анексија во 2014 година, пред тоа Крим беше одморалиште познато по своите плажи.
Денес, 25-километарскиот брег е полн со одбранбени структури подигнати од руските војници.
По должината на брегот се поставени змејови заби, бетонски блокови во облик на пирамида, дизајнирани да го блокираат патот на тенковите и другите воени возила.
Зад нив е линија од ровови, а покрај рововите се гледаат неколку бункери.
Некои воени експерти сметаат дека ова е мерка на претпазливост, а не знаат дека Русија ја очекува напад од морето, со оглед на тоа што Украина не е голема морска сила.
„Утврдувањата веројатно се поставени за да се одврати каква било украинска операција за напад на Крим од море, а не од копно“, рече разузнавачката аналитичарка Лејла Гест.
Russia continued expansion of Belbek air base in Crimea over last six months, satellite imagery shows.
This base is one of several used by Russian aircraft operating over Crimea and southern Ukraine. https://t.co/A3CtWU87sl pic.twitter.com/lYhMjv8ns8
— Brady Africk (@bradyafr) January 1, 2023
Токмак
Малиот украински град Токмак се наоѓа на клучната југоисточна рута што Украинците би можеле да ја искористат за да го отсечат Крим од другите територии под контрола на Русија.
Имаше извештаи дека украинските цивили се иселуваат со цел градот да се претвори во воена тврдина што ќе им овозможи на Русите пристап до залихи и база во која би можеле да се повлечат.
Russian forces continue to build defenses across occupied parts of Ukraine.
An updated map and satellite imagery of Russia’s fortifications is available here: https://t.co/JGlYbCrrUE (1/5) pic.twitter.com/72ppUZOV1m
— Brady Africk (@bradyafr) May 18, 2023
Сателитските снимки покажуваат дека е ископана мрежа од ровови северно од Токмак, правецот од кој Украинците би требало да нападнат.
Освен тоа, на снимката јасно се гледаат три слоја на одбрана, како и противтенковски ров длабок два и пол метри.
Се верува дека Украинците за време на нападот ќе налетале на мини.
Автопат E105
По должина од 35 километри од автопатот Е105 се протега линија од противтенковски ровови.
Овој пат е од стратешко значење бидејќи го поврзува Мелитопол, украински град под контрола на Русите на југот на Украина, со северниот град Харков, а контролата над него овозможува лесно движење на војниците.
Ако Украинците се обидат да го заземат автопатот, Русите најверојатно ќе одговорат со тешка артилерија.
„Русите се загрижени за неодамна организираните украински оклопни единици. Ако се качат на главниот пат, ќе можат брзо да се движат. Целта на руската одбрана е да ги оттурне од патиштата и да ги забави“, рече Марк Канцијан на Центарот за стратешки и меѓународни студии.
Ривнопил, село северно од Мариупол
Мариупол има стратешка позиција меѓу териториите под руска окупација на исток и Крим на југ.
Тој град стана симбол на отпорот на инвазијата откако група борци одбиваа напади со месеци додека градот беше под опсада.
Се очекува Украина да се обиде повторно да го преземе, а сателитски снимки покажуваат серија кружни ровови во близина на малото село Ривнопил, на околу 55 километри северно од Мариупол.

Тие им дозволуваат на војниците да се засолнат и да ја придвижат артилеријата за да може да пука во која било насока, што покажува дека Русија се подготвува да ги брани областите на отворено на кои им недостасува природна заштита, како што се реките или ридовите.
Многу аналитичари истакнаа дека и Украинците имаат пристап до истите сателитски снимки и дека можат да заобиколат многу одбранбени структури.
„Затоа Русите веројатно ќе се обидат да ги насочат украинските сили по одредени рути кои се силно минирани и кои руската артилерија однапред ги мета“, вели Александар Лорд од стратешката консултантска фирма Sibylline Ltd.

