Учениците од гимназијата Маунтин Вју во американската сојузна држава Јута почнале да паничат кога на нивните адреси пристигнале страшни фотографии, објавија локалните медиуми.
Контроверзната фотографија е направена додека навивачка се дружела на училишен пикник, но испраќачот напишал „Навивањето е зло“, нацртал пентаграм и рекол дека ќе има 13 жртви. Загрижените ученици веднаш ги известиле своите родители, пријавиле во училиштето, училиштето во полиција… А набргу насилникот, чиј идентитет не се открива, бил уапсен. Тој наводно е еден од студентите.
– Нема да толерираме такви постапки. Направивме се што беше потребно и заканата беше решена. Јасна ни е грижата на родителите, но повеќе детали за овој случај нема да откриваме – соопштија од училиштето, откако неколку родители ги обвинија за ‘бавна реакција’.
-Пред неколку месеци на Флорида беше убиена навивачка и се испостави дека за смртта се виновни нејзината другарка. Не сакаме да ни се случи нешто слично – изјавил еден од загрижените родители.
Неколкумина бараат на испраќачот да му се суди за закани.
– Ова многу ги трауматизираше нашите деца. Тие не можеа да спијат нормално. Никогаш не знаете што е нечија болна шега и што е сериозна закана – напишаа на социјалните мрежи.