Сашо Томиќ од денеска е нов директор на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во Куманово.
Тој доаѓа на позицијата вршител на должност директор, назначен од страна на градоначалникот.
– ЈП „Чистота и зеленило“ информира дека на функцијата вршител на должност директор е назначен Сашо Томиќ. Му посакуваме успешно работење, професионални достигнувања и континуирани резултати во интерес на граѓаните и на нашето претпријатие, информираат од комуналното претпријатие.
Томиќ ќе го замени директорот Ненад Стојановски, чијшто мандат е истечен.
– Воедно, на досегашниот директор Ненад Стојановски му упатуваме искрена благодарност за досегашниот ангажман и му посакуваме многу успех и среќа во понатамошната работа, додаваат од ЈП „Чистота и зеленило“.
Инаку Томиќ е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и е долги години вработен во самото претпријатие како директор за човечки ресурси. Тој е дипломиран социјален работник, а своевремено се занимавал и со спорт.
Никола Ивановски

