Сашо Тодоровски нов директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Сашо Тодоровски, професор по македонски јазик и актуелен портпарол во СДСМ, е назначаен за директор на националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, соопшти денеска Министерството за култура.

Тодоровски доаѓа на местото, Роберт Цветковски, историчар на уметност, кој раководеше како вршител на должност. Тодоровски беше еден од менторите при економското училиште Перо Наков, кој работеше со драматуршката секција. Под негово водство учениците изведоа низа претстави и повеќепати ги наполнија салите на кумановскиот театар.

Назначувањето следи по завршување на постапката на јавни конкуси. Освен во Куманово, променети се уште пет нови директори со редовен мандат во националните установи од областа на културата низ државата.

Leave a Reply