Најпопуларната и мега хумористичната претстава „Не се клади на Енглези“ на 10-ти месецов ќе ги насмее кумановци до солзи. Со почеток во 19:30 часот и за само 200 денари ќе можете да уживате во претставата во режија на Синиша Ефтимов и ликовите кои ги ираат Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ.
Фабулата во „Не се клади на Енглези“ се врти околу три лика – Паун, Пикси и Буле – тројца урбани триесетгодишници „заглавени“ во своите животни патишта и секој со своите проблеми, а заедничка нитка им е страста кон обложувањето.

