Санкт Петербург одбележува 79 години од крајот на нацистичката опсада

Сподели со своите пријатели

Во Санкт Петербург денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од целосното ослободување на Ленинград од нацистичката опсада, познат во историјата како Ден на победата на Ленинград.

Loading...

Пред точно 80 години, на 27 јануари 1944 година, советската армија успеа во операцијата „Јануарски гром“ целосно да ја пробие опсадата, што стана не само најголема трагедија, туку и најголем пример за храброст и издржливост на жителите и бранителите на градот, пренесува ТАСС.

„Опсадата не само што ја промени перцепцијата за силата на умот и способностите на човечките суштества, туку ни даде пример на незамислива издржливост. Во огнениот прстен луѓето секојдневно правеа подвизи кои го покажаа големото херојство на непопустливиот Ленинград“, рече гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов во обраќањето до жителите на градот на Нева, пренесува Танјуг.

Десетици свечени и меморијални настани ќе се одржат на датумот на годишнината во Санкт Петербург и Ленинградската област.