Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на тројца вработени во СВР Куманово им е изречена им е мерка – „парична казна”, додека на еден вработен, изречена му е мерка – „распоредување едно ниво пониско“.
Имено, на главен дежурен во ПС ОН Куманово, СВР Куманово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци бидејќи бил под дејство на алкохол за време на обука.
Командир на ПС од ОН Крива Паланка, СВР Куманово се здобил со мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци откако не презел мерки против полициски службеници кои не постапувале согласно законските овластувања.
Началник на Одделение за полиција во СВР Куманово заработил мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци, откако било утврдено дека не преземал мерки да санкционира пропуст на полициски службеници, додека на командирот на ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „распоредување два степени пониско“, бидејќи во повеќе наврати ја злоупотребил својата положба и овластувања.