Санчез: Речиси 15.000 полицајци и војници распоредени во погодените области

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека 14.898 полицајци и војници се распоредени во областите погодени од поплавите.

Loading...

Тој на прес-конференцијата по Советот на министри рече дека спасувачките сили се уште трагаат по исчезнатите лица и дека голем број куќи се уништени, пренесе Ел Паис.

Санчез рече и дека шпанската влада издвоила 838 милиони евра за помош на настраданите од поплавите.

Според последните податоци, 217 лица загинаа во катастрофалните поплави кои минатата недела ја погодија југоисточна Шпанија, меѓу кои најмногу настрада регионот на Валенсија, пренесува Танјуг.