Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска доаѓа во официјална посета на Босна и Херцеговина на покана на членот на државното претседателство Жељко Комшиќ.
Loading...
Како што е најавено, Санчез денеска прво ќе дојде во Сараево каде се планирани средби во Претседателството на Босна и Херцеговина, а потоа и во државниот парламент и Градскиот совет.
Санчез денеска ќе го посети и Мостар каде ќе има неколку средби.
Шпанскиот премиер во петокот ја започна посетата на Западен Балкан, а предвидено е да ги посети Белград, Сараево, Подгорица, Скопје и Тирана.