Во јуни 2000 година, Џери Виндл од Флорида посвои момче по име Џордан од Камбоџа.
Џордан во тоа време бил многу слаб, но израснал во силен млад човек кој ја претставуваше Америка на Олимпијадата оваа година.
View this post on Instagram
Џери отсекогаш сакал да биде татко. Тој долго време се борел со процесот на згрижување, а потоа еден ден видел статија за животот на сирачињата во Камбоџа. Тој не се двоумел ниту за момент да контактира со претставници на Камбоџа и наскоро добил вести што го смениле неговиот живот.
Во јуни 2000 година, Џери заминал во Пном Пен, Камбоџа, каде што го запознал својот син, Џордан, кој живеел во сиропиталиште откако неговите родители починале.
View this post on Instagram
Тој бил неухранет и имал тешки инфекции. Џери го одвел во неговата куќа на Флорида и веднаш станал негов вистински татко.
По враќањето во САД, тие се соочиле со многу пречки. Џордан имал многу здравствени проблеми, бил исцрпен и слаб и комуницирал со Џери преку знаковен јазик пред да научи англиски.
View this post on Instagram
Тој тогаш имал две години, но само седум килограми. Џери не знаел дали ќе преживее, но ветил дека ќе стори сé што може за да не мора повеќе да страда.
View this post on Instagram
Откако станал посилен, Џордан започнал со нуркање и наскоро станал професионалец.
Неговите олимписки соништа почнале да се остваруваат кога наполнил седум години.
Во кампот, тој го привлекол вниманието на Тим О’Брајан, син на познатиот тренер за нуркање Рон О’Брајан. Џордан влегол во специјална програма и започнал да ги постигнува своите први успеси.
View this post on Instagram
Оваа година, тој ги претставуваше САД на Олимписките игри во Токио, но и Камбоџа во неговото срце.
Тој е првиот скокач на вода со камбоџанско потекло кој настапи на Олимпијадата, пишува Bored Panda.
View this post on Instagram