Тројца тајвандски студенти одлучиле да направат „сладолед“ од отпадни води од канализацијата за да ја подигнат свеста за загадената вода во нивните градови поради забрзаниот економски раст и урбанизација.
Студентите по уметност Хунг И-Чен, Гуо Ју-Хиу и Ченг Ју-Т, собирале примероци од загадената вода во стотици различни извори на Тајван и ги претвориле во замрзнати лижавчиња кои ги делеле на минувачите и другите студенти.
Дури направиле и посебни пакувања за лижавчињата на кои се наоѓаат детали за регионот во кој е земен примерокот загадена вода.

