Се појави и првиот воз кој се движи по асфалт. Возојот кој се движи по виртуелни шини во сообраќај го пушти Кина.
Претставен е во јужната провинција Хунан и долг е 32 метри, се движи на струја, а може да превезува 307 патници, објави државната телевизија CCTV.
Возот користи гумени облоги на тркалата и може да достикне максимална брзина од 70 километри на час.
Системот на автономен брз железнички транспорт (ART) применет е на овој воз, а тоа му овозможува да се движи по трасата која ја одредуваат стотици сензори наместо железничка пруга, пишува „Синхуа“.

