САМО ВО ЈАПОНИЈА: Може да изнајмите „дебелко“ за 15 евра на час (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новиот јапонски сервис привлече големо внимание во јавноста поради она што го нуди.

Loading...

Тој им нуди на компаниите и на приватните лица изнајмување на дебели луѓе, тешки над сто килограми, за 15 евра на час.

Името на услугата е Дебукари, а веднаш беа понудени неколку причини зошто некој би сакал да ангажира лице со прекумерна тежина, пишува Одити Централ.

Меѓу нив е и вработување луѓе заради снимање реклами или како модели за голема облека.

Основач на Дебукари е господинот Блис, истата личност која го основа модниот бренд за одредена личност по име „Qzilla“, а идејата за Дебукари ја добил токму затоа што не можел да најде модели за правење голема облека.

Дебукари веќе ја активираше својата понуда за дебели луѓе во неколку големи јапонски градови, вклучувајќи ги Токио, Осака и Аиши.

 

Loading...

Leave a Reply