Само две кандидатури за градоначалник се поднесени и прифатени во Општинската изборна комисија во Липково.
Како што информираше денеска Ајеш Демири од ОИК Липково, ДУИ и ВЛЕН се партиите кои единствени влегуваат во изборната трка и за градоначалник, но и за советнички места во Советот на Општината.
– Имаме уште малку активности да завршиме, ги бираме членовите на изборните комисии и во моментов на тоа сме фокусирани, посочи Демири.
Кандидат за градоначалник на ВЛЕН ќе биде Неџмедин Садики, додека за ДУИ во трката влегува Еркан Арифи, кој е и актуелен градоначалник.
Носител на листата кандидати за советници од ВЛЕН е Лјрим Јашари, а од ДУИ Зекрија Шаини.
Никола Ивановски