Само утринава 31 казна за брзо возење во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и една казна утринава напишала полицијата на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Денеска (27.07.) од 07 до 11 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 31 возач, информираат од кумановската полиција.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply