Со задоцнување од половина час започна денешната 30. седница на Советот на Општина Куманово.
Советниците по летните одмори денеска се враќаат на својата работа и на дневен ред ги чекаат 75 точки.
Но, откако претседателката Атина Мургашанска ја отвори седницата, за збор се јави советникот од СДСМ Томица Илиќ кој побара пауза во траење од половина час.
Не е позната причината за паузата, со оглед дека седницата не беше се уште официјално започната, но бидејќи советникот имаше поддршка од петмина други советници, според деловникот за работа може да се одобри паузата.
Како ќе успеат да истуркаат 75 точки на денешната седница останува да видиме.