Вкупно 206 лица заболени од грип се јавиле во Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје – Куманово во периодот од првите седум дена од месец февруари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за заболени граѓани од сите старосни групи, но најмногу, односно 138 заболени се во старосната група од 15 до 64 години, а најмалку застапени се оние над 65-годишна возраст, односно 11 лица. Не се поштедени ниту најмалите, односно до 4 години каде имаме 28 грипосани и 29 заболени во старосната група од 5 до 14 години.
Неповолните временски услови, натпросечните температури за овој период од годината, загаденоста на воздухот се само дел од факторите кои секојдневно ги преполнуваат медицинските ординации со граѓани настинати и заразени од грип.