Само изминатиот викенд преку Табановце влегле над 50.000 патници

Сподели со своите пријатели

Дури 54.850 лица влегле во Македонија преку Граничниот премин Табановце во петок, сабота и недела.

Loading...

Македонските иселеници се вратија дома во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а тоа создаде метежи низ сообраќајот.

И на граничните премини имаше долги редици изминатиот викенд, а тоа го потврдува и статистиката на Министерството за внатрешни работи која вели дека дури 54.850 лица оствариле влез само преку Граничниот премин Табановце во петок, сабота и недела.

Како што информираат за Кумановски Муабети од МВР, за истиот период 20.359 лица излегле од државата.

Најголем број од патниците кои оствариле влез, дури 38.822 лица биле македонски државјани, а 16.028 лице биле странци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меѓународна изложба на уметничка фотографија МОТУС во Куманово

Излез оствариле 11.213 странски државјани, односно 9.146 Македонци.

Вкупниот промет на патници за овие три дена од викендот изнесувал 75.209 лица, или дневно во просек ГП Табановце го минувале околу 25.000 лица.

Присуството на македонските иселеници е веќе евидентно и низ кумановските улици каде метежот во сообраќајот станува се поголем.

Loading...

Никола Ивановски