Често имаме можност да слушнеме како се поголем процент на луѓе во светот се сиромашни, а нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните никогаш не била повидлива. Иако постојат, организации кои константно укажуваат на тоа дека се повеќе луѓе живеат под границата на сиромаштијата, многу малку се прави на тоа поле и ништо не се менува.
Во некои градови таа поделба помеѓу богатите и сиромашните јасно е видлива, каде дури и некои градови се поделени токму на таков начин. Јасно се гледаат разликите помеѓу квартовите каде живеат сиромашните и оние каде се наоѓаат богатите, а видео снимките јасно го прикажуваат тоа.
Така е и во Мексико. Крајот во кој живеат богатите има убаво средени улици, фасади и мношто зеленило, што не е случајот со деловите од градот каде што живеат сиромашните.

Станува збор за најголемиот град во светот каде се зборува шпанскиот јазик. Овој град длабоко е поделен врз основа на економскиот статус на граѓаните.
Фотографот Џони Милер овој феномен го снимил од воздухот. Околу 1 отсто од мексиканската популација заработува 21 отсто од вкупниот национален приход.
Вишата класа во мексико живее недалеку од најурбаните делови на градот, а постои ситуација сиромашните квартови да се граничат со едно приватно училиште.


