Во текот на вчерашниот ден во Прифатниот центар на Табановце биле регистрирани вкупно 1.000 лица, од кои најголемиот дел останале на граничниот камен со Република Србија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Само 70 од нив се вратиле во кампот каде биле згрижени и сместени, додека останатите останале во граничната меѓузона и одбиваат да се вратат назад.
Во изминатото деноноќие едно од 1.000-та лица заглавени на границата завршило на Детското одделение при кумановската Општ Болница, каде му бил извршен здравствен преглед и дадена соодветна здравствена терапија, по што истиот бил вратен назад на Табановце, а волонтерите информираа дека во кампот вчера се родило и првото бебе.