Само 4 отсто од луѓето им веруваат на инфлуенсерите

Сподели со своите пријатели

Само 4 отсто од луѓето им веруваат на инфлуенсерите, а причината за тоа е сомнежот дека се класични манипулатори и дека имаат договори за рекламирање на некои брендови. Покрај тоа луѓето се разочарани затоа што т.н. „популарни влијатели“ ги купуваат своите следбеници.

Loading...

Поголемиот дел од корисниците на интернет не веруваат во она што инфлуенсерите го објавуваат ан социјалните мрежи, покажале најновите резултати од истражувањето на глобалната медиумска агенција „УМ“.

Само осум отсто од луѓето веруваат во вистинитоста на информациите кои ги пронаоѓаат на социјалните мрежи, а тој процент е помал за околу 4 отсто ако во прашање се јавни личности како инфлуенсери.

Луѓето повеќе им веруваат на владите отколку на познатите инфлуенсери, блогери и влгоери.

Околу 12 отсто од луѓето ширум светот веруваат дека информациит екои ги објавува владата претежно се вистинити. Меѓутоа, јавноста во Велика Британија и САД е факт па тие бројки паѓаат на 8, односно 6 отсто.

„УМ“ следел повеќе од 56.000 активни корисници на интернетот во 81 земја за потребите на своето 10 браново истражување проценувајќи ја довербата на јавноста во социјалните мрежи.

Глобалниот сомнеж во инфлуенсерите е резултат на тоа што потрошувачите и регулаторите продолжуваат да поставуваат прашањ за договорите меѓу инфлуенсерите и брендовите, како и вистинитоста на големиот број следбеници.

Во Велика Британија владата воведе построги правила кои се однесуваат на онлајн промовирање на платена содржина. Во меѓувреме Управата за стандарди за огалсување предупредила стотици инфлуенсери и брендови поради кршење на стрикните норми кои се однесуваат на плаќањето за постови на Инстаграм. Америакнскиот FTC презел слични активности во САД во намера да се зголеми транспарентноста.

Loading...

Коста станува збор за лажни следбеници, брендовите како „Унилевер“ извршиле притисок на Инстаграм и Твитер да преземат итни акции да се повторно се изгради довербата пред засекогаш да исчезне. Социјалните мрежи ги послушале, па лажните следбеници на платформите ги следат преку АI технологија, но ефикасноста на рпеземените мерки е под знак прашалник.

Leave a Reply