Старлетата и манекенката Анастасија Покречук (32) од Киев е вистинска ѕвезда на популарната социјална мрежа „Инстаграм“, а ја следат дури 264.000 следбеници. Старлетата е толку оптоварена со естетика, што од девојка со природна убавина се претворила во вистинска силиконска атракција.
Инјектирајќи разни полнила во нејзиното тело, особено во лицето, таа решила да го сруши рекордот и да стане жената со најголеми образи на светот, тврдејќи дека веќе успеала откако потрошила вртоглави 1.800 евра на супстанцијата за инјектирање, што сама си го направила.
View this post on Instagram
Таа не планира да застане на тоа, но ќе продолжи да инјектира хијалуронска киселина и други инјекции таму каде што мисли дека треба, како и дека ќе работи на своите нови гради и задник во следниот период.
Анастасија пронашла полнила на еден туторијал на Интернет, од каде ги следела упатствата на лекарот и решила да ја земе својата „убавина“ во свои раце, и самата да ги инјектира каде што сака.
Таа призна дека е заљубена во своето ново лице и дека е свесна за коментарите околу неа, но не им обрнува внимание.
View this post on Instagram
– Изгледав како глушец пред да ги зголемам образите. Обожавам полнила и не гледам дека наскоро ќе престанам да ги инјектирам – изјави за бројни медиуми кои се заинтересирани да слушнат зошто решила толку драстично да го смени својот изглед.
Им откри на своите придружници дека сигурно ќе ги зголеми градите во големина Д, но дека тоа повеќе нема да го прави со силикон, туку со сопствени маснотии, кои првично ќе ги отстрани со липосукција. Истото важи и за задникот.
View this post on Instagram