„Сам дома“ од реалноста: Го оставиле детето и заминале на одмор, па завршија зад решетки

Сподели со своите пријатели

Дејствието на „Сам дома“ не треба да се прераскажува. Веројатно сите (неколку пати) сме го гледале овој филм и сме се замислиле во ликот на Кевин како се справува со криминалци и ужива без родителска контрола.

Но, кога малку ќе пораснеме, сфаќаме дека не би било толку добро да останеме сами дома на десетина години. Треба да се готви, исчисти… Да не ја запалите куќата…

Еден пар од американската сојузна држава Аризона го направи токму она што му го направиле родителите на Кевин во филмот.

Отишле на пат и го заборавиле. Едноставно во филмот беше несреќен случај, додека оваа двојка „генијалци“ намерно го направиле тоа…

Мајката заминала прва и го оставила синот кај сопругот. Ништо ненормално.

Но, тогаш сопругот ги спакувал куферите и отишол кај својата мила сопруга. Го оставил синот да се грижи за домот.

 

 

По неколку дена соседите забележале дека во тоа домаќинство се случува нешто необично, дека го виделе само детето, но не и родителите, па повикале полиција да го истражи целиот случај.

Кога пристигнале и заѕвониле на вратата, 11-годишно дете ги поздравило и им кажало дека мама и тато се на пат.

-Тој рече дека му оставиле замрзната храна со која знае да „ракува“, но дека не можел да оди на училиште, па избрал да остане дома.

Бидејќи не можеле да стапат во контакт со неговите родители, тој бил однесен во агенција за згрижување деца каде што бил прегледан.

Двојката „генијалци“ очигледно не ни контактирале со своето дете премногу често по телефон, па биле изненадени кога биле уапсени додека слетувале на аеродромот.

Ним им била одредена мерка притвор, а судијата одреди кауција од 100.000 долари за секој од сопружниците, објави UsaToday.