„Како да изгледа еден Ром за да биде вработен во некоја институција?“ запраша денеска, советникот од ромска националност Самет Салиевски, при гласањето на членовите на Надзорнио и Управен одбор на новото јавно претпријатие за урбанистички дејности „Куманово план“.
Според Салиевски во овие тела на јавното претпријатие нема да влезе ниту еден Ром, меѓутоа истакнува дека никој од предлагачите на одлуката не побарал консултација од негова страна да се предложи и член од ромска националност.
– Го поддржувам јавното претпријатие се надевам дека ќе работи законски, но се продолжува со исто темпо нема ром во Управниот и Надзорниот одбор, јас сам би се прашал каков критериум треба да биде за да Ром биде вклучен во некоја институција, конкретно за Управниот одбор, сега барале да биде високообразован, во ред имаме дадовме предлог магистар по безбедност, но за жал го нема на листата, има исксутво работно и тоа го исполнуваме и пак на крај нема Ром, не знам какви услови нема, како да изгледа еден Ром за да биде примен во некоја институција, треба да биде шминкан, да се облече поинаку, како да изгледа, запраша Салиевски.
Сепак на неговото прашање не доби одговор. Никој од колегите советници, ниту од предлагачите на точката очигледно не увиде потреба да даде одговор на оваа проблематика, освен претседателката на советот Атина Мургашанска, откако точката ја стави на изјаснување.
– Овдека сме рамноправни и сте член на политичка партија и можевте на комисија да дадете предлози. Од кого барате одговор? Ако сакате од колегите нивно право никој не може да ги натера, рече Мургашанска.
Слична реакција претходно имаше и Срѓан Рашити, кој вели дека во градот како да живеат само две националности, а за поставување ромски член во телата на новото јавно претпријатие од него никој не побарал ниту предлог.
– Да бев консултиран дали постои предлог од моја страна, да биде предложен и Ром, во минатото изговор беше нема едукативен кадар, нема капацвитети, сега може да кажам дека имаме магистри, правници и економисти и мислам дека би можеле да одговориме барем со предлог, да се покаже добра волјаа дека и Ромите би можеле да бидат интегрирани на некој начин, а со тоа да покажеме добра волјаа и како коалициони партнери, рече Рушити.
Во Управниот одбор на претпријатието ќе влезат Александар Владевски, Бранко Бојковски, Олгица Вељковиќ и Беким Назири, што пак наиде на негодување и на опозицијата предводен од ВМРО-ДПМНЕ дека се назначува несоодветен кадар.
– Ме зачуди и изнендаи фактот што, покрај тоа што се ваши паритски прелодзи и за правен и надзорен одбор чија дејност на сите ни е позната, нема ниту еден кој припаѓа на фелата. Сметам дека ова е проспуст што овие одбори ќе бидат оштетени, затоа што сите овие луѓе, не навлегуваме во нивен квалитет, сите се високообразовани, и партиски ви се членови, меѓутоа релано сметам дека и во УО и НО е потребно да има претставник архитект, градежен инжинер или некој од таа фела да даде допринос за да истите работат совесно, чесно и прфоесионално, рече Анета Шендевска Доневска.
Иста реакција имаше и советникот Осама Муадини, кога станува збор за Надзорниот одбор на ЈП „Куманово план“, каде ќе влезат Маја Петковска, Драган Митровски, Наташа Тасева и Мевљан Џемаили.
Но, бидејќи надзорниот добор ќе го контролира финансиското и материјално работење, претседателката Мургашанска смета дека овој избор е соодветен.
– Се согалсувам дека не е на одмет да имаме архитект, но повеќе да се залагам кога ќе се прави составот тука да ги бараме компетенциите во рамките на вработените. Овдека се работи за акти од областа на правната проблематика и материјалното и финансиско работење, така да нивниот професионален бекграунд ги задоволува критериумите. Давам поддршка на членовите, рече Атина Мургашанска, претседател на Советот на Општина Куманово.
Со мнозинство гласови од власта, сепак надзорниот и управниот одбор беа изгласани и покрај негодувањето и забелешките од опозицијата.
Фото: архива