Необични огласи секогаш знаат да насмеат или изненадат, но огласот на еден Босанец ги помери сите граници. Сопственикот на еден сајт понудил „југо 45“, кој е обвиткан во алуминиумска фолија и има сателит на „НАСА“ на кровот.
Тврди дека овој необичен дизајн е направен со цел, затоа што автомобилот е невидлив на вонземските радари.
Во описот се наведува дека возилото е направено како ограничена серија на специјализирани борбени возила за борба против непознати објекти од вселената. Располага со 1.066 коњски сили, а максималната брзина не е позната.
Како што пренесуваат тамошните локални медиуми, од опремата за употреба на Земјата има: десен ретровизор, резервно тркало, флип-ап сајла за шлепање, амбиентално осветлување (над 1.000 бои, можен автоматски или мануелен мод), ауспух, паке опрема за полиција, карта од светот, мобилно светлечко радио, чип за тјунинг…


