Љубоморна мајка ја прекина венчавката на нејзиниот син Џnон Лерби поради наводната омраза кон нејзината снаа Ана, и сакаше да ги спречи да се венчаат на сите можни начини.
Меѓутоа, нејзиниот план пропадна.
Според сестрата на невестата, свекрвата никогаш не ја сакала Ана затоа што мислела дека „го зела нејзиниот син под закрила“ и секогаш велела дека е вознемирена што се заедно, и покрај тоа што имаат осуммесечно бебе, пренесува Diario.mx.
Кога ја направила сцената на венчавката, невестата била самоуверена и ѝ рекла на свекрвата дека „може да ја напушти салата бидејќи тоа нема да ја расипе свадбата“.
Мајката на младоженецот одговорила дека нема да замине бидејќи платила за фустанот.
Младоженецот бил растргнат помеѓу неговата мајка и неговата идна сопруга, и на крајот ги замолил двете жени да ја прекинат расправијата.
Свадбата имала среќен крај бидејќи двајцата на крајот се венчале.