Непознати лица ноќва се обиделе да нападнат дваесет и четиригодишен скопјанец во кумановското село Љубодраг, но откако им се легитимирал дека е полициски службеник истите избегале.
– На 04.07.2020 во 02,00 часот во СВР Куманово, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека околу 00,40 часот додека се движел со своето патничко моторно возило„џета“ со скопски регистарски ознаки заедно со својата девојка ,по локалниот пат Куманово-Скопје, во с.Љубодраг биле престигнати од патничко моторно возило “Поло“ каде во с.Ново Село од истото возило излегле четири непознати лица со бејзбол палки и сакале физички да го нападнат, по што пријавителот им се легитимирал дека е полициски службеник и лицата со возилото влегле во едно од дворните места во селото, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски