Сакала да облече провокативни шорцеви, но таткото ги облекол пред неа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Таткото на една тинејџерка е прогласен за татко на годината на интернет поради неговата реакција на тексас шорцеви што сакала да ги носи неговата ќерка.

Loading...

За да и покаже како изгледа, го облекол истиот тексас шорц и влегол во нејзината соба.

„Ти го носиш ова во јавност? Јас ќе го носам. Вовед во родителството“, напиша Џејсон Хили во видеото што го објави на Фејсбук пред неколку дена, а го погледнале повеќе од 40 милиони луѓе.

 

 

Во краткиот клип Хејли и помладиот брат на девојчето упаднаа во нејзината соба.

„Кендал, треба да разговараме“, ја започнува лекцијата таткото, по што ја замолува ќерката да најде шорц за да ги спореди со нејзините.

Loading...

Во еден момент, Кендал се обидела да го убеди нејзиниот татко дека шорцевите „воопшто не се толку кратки“.

„Не, не се ни моите“, одговара тој.

 

 

„Апсолутно прекрасно, татко на годината“, „добра работа, паметен начин на ставање на работите во перспектива“, „таа е среќна девојка, еден ден ќе разбере“, се само дел од пофалбите што ги доби креативниот татко.