Една Американка од Калифорнија одлучила да ја продаде својата половна „Хонда акорд“ од 1996 година на eBay за само 499 долари.
Како би успеала во тоа нејзиниот вереник Макс Манмен, инаку режисер, понудил да направи реклама за автомобилот.
Овој автомобил веќе помина 227.070 километри, па сопственичката му одредила цена од 499 долари.
Господин Ланмен тука добро ги искористил своите таленти и направил реклама која за кратко време станала доста популарна, па со самото тоа, цената на автомобилот започнала вртоглаво да расте.
Последната понуда на eBay изнесува неверојатно 100.000 долари, а продажбата ќе трае само уште три дена.
– Инспирација за рекламата добив додека јас и мојата девојка Кери се возевме покрај брегот додека патувавме на кампувањето, рекол за ВВС.
Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо ја снимија најскапата реклама на светот (видео)

