Корисничката на ТикТок во видеото се пофали како сакала да му подготви убаво изненадување на сопругот за Денот на вљубените.
Љубителката на романтиката залепи шарени хартии со слатки изјави за љубов за да го израдува нејзиниот сопруг.
Но, наместо да се стопи од изненадување, лепилото за хартија се стопи додека долго стоеше на автомобилот на топло време, па белиот автомобил остана валкан и шарен како некој да си игра со боја над него.
Со оглед на тоа дека е причинета значителна штета и дека не може сам да ја отстрани, сигурно ќе го чини време и пари да го врати возилото на првобитниот изглед.
Се на се, намерата била многу убава, а дали сопругот и се налутил на својата романтична сопруга засега не е познато.
@cecidejesus8 Responder a @pedroaguirre74 no salimos de una cuando ya estamos en otra😭😭#ypシ #parati #ypg