Сакал со дрон да ги сними децата на одмор, а од глетката се заледил од страв (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ден Вотсон, бил со семејството на популарната плажа Њу Смирни во Флорида кога им се случила скоро филмска сцена.

Таткото од брегот ги набљдувал сопругата и трите деца како се капат па помислил дека би било идеално со дрон да ги сними од воздух.

Меѓутоа, кога погледнал што има во кадарот, се шокирал. На само десетина метри од неговите деца се гледале траги од ајкули. Таткото веднаш започнал да извикува: „Излезете од водата“.

На Инстаграм објавил две фотографии кои ги направил, а на првата се гледа ајкула која плива со капачите, а на втората како тие трчаат од океанот, додека морското куче оди кон длабочините.

– Кога размислуваш за ајкули мислиш на нив во длабоките води, никогаш не замислувам толку близу и не мислиш дека би можеле да дојдат во плитко. Застрашувачки е да видиш колку се доближи до моите деца, рекла мајката Сали.

Инаку на Флорида од 1882 година забележани се 827 напади на морски кучиња, а последниот напад се случи минатата недела на истата плажа, кога ајкула за нога касна 18-годишник кој бил на даска за сурфање.

Фото: Instagram/Printscreen

Leave a Reply