Сакаа да ѝ наплатат 50 долари оштета во игротеката откако нејзиниот син уринирал на подот

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишнaта Јан и нејзиниот двегодишен син, Џејден од Австралија, неколку месеци посетуваа игротека во кафуле во Бризбејн. Мајката тврди дека оставала минимум 50 долари секој пат за курс по музика, ручек и само играње во игротека.

Loading...

Последен пат кога ја посетиле игротеката, неколку минути откако влегле во игротеката, Џејден се засрамил кај својата мајка и и рекол дека случајно уринирал.

„Веднаш зедов влажни марамчиња и избришав се што можев и го известив вработениот за инцидентот, по што тој дополнително ја дезинфицираше областа и избриша се со средство за чистење“, раскажува Јан.

 

 

Меѓутоа, кога сопственикот на кафулето и игротеката дознал што се случило, одлучила да и наплати 50 долари отштета.

„Кога ја видов сметката, се разбеснив, тоа е вистинско претерување“, рече оваа мајка, додавајќи дека веднаш побарала правилник на однесување, кои никаде не споменуваат наплата на штета во вакви ситуации.

Loading...

„Реков дека ако има документација што покажува дека има право да ми наштети за отштета, би била среќна да платам, а во спротивно не би“, рече Јан, која повеќе нема намера да го посетува ова кафуле и игротека.

 

 

По инцидентот, сопственикот поставил знак со кој ги предупредува гостите дека „за секое можно загадување и штета предизвикана во ресторанот“ ќе се наплатува.

„Не станува збор за 50 долари, туку за начинот на кој работиме“, заклучи Јан.