Кога повеќето луѓе одат во потрага по љубов, тие се свртуваат кон апликации за состаноци или веб-страници за наоѓање партнери или бараат пријатели да ги запознаат со некого, но Мухамед Малик има сосема поинаков пристап.
29-годишниот ерген од Лондон користи билборди во британскиот град Бирмингем, каде што им се рекламира на потенцијалните партнерки.
Малик вели дека сака храна, добри шеги и да дознае повеќе за својата муслиманска вера.
View this post on Instagram
На билбордот пишува: „Спаси ме од договорениот брак“ и како и на веб-страницата, за идните жени да стапат во контакт и да дознаат што бара.
Во видеото на веб-страницата наречено „Find Malik a wife“ (Најдете му жена на Малик“, лондонецот вели дека е претприемач, гурман, религиозен и бара некој да работи за Дин – исламски начин на живот кој ги дефинира социјалните и личните карактеристики на муслиманите.
За тоа зошто избрал таков неортодоксен метод за да најде девојка, Малик на страницата вели:
When most people go looking for love, they turn to dating apps or matchmaking websites, or they ask friends to set them up — but Muhammad Malik is taking a different approach entirely https://t.co/QFZEYFTL5l
— CNN (@CNN) January 5, 2022
„Само што сè уште не ја најдов вистинската девојка. Тешко е таму. Морав да добијам билборд за да ме видат!“
Малик исто така вели дека го интересира „личноста и религијата“ во однос на се друго и на „Find Malik a wife“ потврдува дека билбордите не се шега – тој е сериозен.
Ваквиот ерген и јасно става до знаење дека не е против договорените бракови.
Тој им кажува на посетителите на страницата дека мисли дека „договорените бракови имаат место и традиција во многу исламски култури“, но вели „само сакам прво да се обидам да најдам некого“.