Саем на автохтони сорти везенка утре во Пчиња

Сподели со своите пријатели

Во селото Пчиња утре во период од 11 до 16 часот ќе се одржи традиционалниот Саем за автохтони сорти везенка.

Станува збор за саем кој е посветен на зачувување и промоција на автохтоните сорти, а со цел потсетување на културното и природно наследство и нивно пренесување на идните генерации.

Посетителите е можат да откријат разновидни локални сорти, земјоделски производи и ракотворби подготвени со љубов од производителите. Да се запознаат со вкусот на поднебјето преку јадења и пијалаци подготвени според старинските рецепти.

Воедно ќе се одржат и работилници и предавања на кои посетителите ќе можат да научат повеќе за важноста на зачувувањето на автохтоните сорти и придобвиките од локалното земјоделство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 26-годишен кумановец поради возење под дејство на алкохол

Меѓу другото пет вредни домаќинки од селото Пчиња , оваа година решија со тимот на хуманитарното здружение ЛСЛ да подготват зимница и разни производи по стари домашни рецепти.

Овие производи ќе бидат изложени на саемот, а целокупниот приход ќе оди за помош на социјално ранливи семејства.

Организатор на саемот е здружението „Еко Пчиња“.

Никола Ивановски