САД: Жена убила возач на Убер мислејќи дека ја киднапира

Сподели со своите пријатели

Една жена во САД е обвинета за убиство на возач на Uber бидејќи мислела дека тој ја киднапирал, соопшти полицијата.

Loading...

Фиби Копас мислела дека возачот ја носи во Мексико, соопшти полицијата во градот Ел Пасо, Тексас, веднаш на границата на двете држави.

Таа потоа го застрелала возачот Даниел Педро Гарсија, според извештајот.

52-годишникот починал во болница по неколку дена на апарати за одржување во живот.

Додека возел, Копас видела знак за градот Хуарез во соседно Мексико, соопшти полицијата.

Двата града ги дели само американско-мексиканската граница.

Кога мислела дека ја киднапираат, Копас извадила пиштол од чантата и го застрелала возачот во главата, стои во полицискиот извештај.

Автомобилот во кој се наоѓале удрил во насипот на патот.

Loading...

Копас, која дошла од родниот Кентаки да го посети своето момче, наводно повикала полиција и итната помош, го фотографирала возачот и го контактирала нејзиниот партнер.

„Во текот на истрагата не утврдивме дека се работи за киднапирање, ниту дека Пиедра го сменил правецот на движење во однос на дестинацијата дадена од Копас“, велат од полицијата на градот Ел Пасо.