САД, „збунети“ од понудата на Полска, нема да испраќаат авиони во Украина

Сподели со своите пријатели

САД го отфрлија „збунувачкиот“ предлог на Полска да испрати авиони во Украина преку базата на НАТО во Германија.

Loading...

Полковникот Брендан Керни изјави за Би-Би-Си дека е „прилично збунет од пристапот на Полјаците“.

 

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

 

„Украинските пилоти буквално можеа да ја преминат границата и да се вратат во Украина со авион“, објасни тој.

Како што истакна, тоа би бил „полесен и попаметен“ потег од испраќање авиони во Германија, по што тие би се упатиле кон Украина.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека идејата за испраќање авион од американската база на НАТО во Германија до воздушниот простор на Украина, во кој влезе Русија, „треба да го загрижи целиот НАТО сојуз“.

Loading...

 

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет (ВИДЕО)

 

Полска синоќа објави дека е подготвена да ги распореди сите свои борбени авиони МИГ-29 „веднаш и бесплатно“ во американската воена база Рамштајн во Германија и да ги стави на располагање на САД.