САД воведоа нови санкции за иранските власти

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави (САД) воведоа санкции за ирански претставници, вклучително и јавниот обвинител и клучните воени претставници, зголемувајќи го притисокот врз Техеран поради неговото насилно задушување на протестите.

Loading...

Министерството за финансии во соопштение, како што пренесуваат агенциите, наведува дека се воведени санкции за иранскиот државен обвинител Мохамад Монтазери.

„Тој им нареди на судовите во септември да изречат строги казни за уапсените за време на протестите поради смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена од полицијата задолжена за строго почитување на носењето хиџаб“, се вели во соопштението.

САД воведоа санкции и за иранската компанија „Имен Санат Заман Фара“, која произведува опрема за иранската полиција, како и оклопни возила што се користат за разбивање демонстрации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата стигнаа до небо: Зад се стојат несогласувањата меѓу Американците и Кинезите

Вашингтон воведе санкции за двајца високи функционери на милицијата Басиџ поврзана со Револуционерната гарда и двајца функционери на гардата.

„Ја осудуваме сè поинтензивната употреба на насилство од страна на иранскиот режим против сопствениот народ кој се бори за човековите права“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на американското Министерство за финансии, Брајан Нелсон.