САД воведоа нови санкции кон Иран по разговорите во Оман

Сподели со своите пријатели

САД во петокот објавија нови санкции кои имаат за цел да го ограничат извозот на нафта од Иран, вклучително и мерки против 14 бродови, веднаш откако САД и Иран ги завршија разговорите во Оман.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Томи Пигот рече дека Иран ги користи приходите од нафтата за „финансирање на дестабилизирачки активности ширум светот и за зголемување на репресијата внатре во Иран“.

– Претседателот Доналд Трамп е посветен на намалување на нелегалниот извоз на иранска нафта и петрохемиски производи како дел од кампањата за максимален притисок на администрацијата – се вели во соопштението на Пигот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Мировен договор меѓу Русија и Украина до март е малку веројатен

Стејт департментот соопшти дека ќе нареди замрзнување на сите трансакции со 14 бродови за кои се тврди дека превезуваат иранска нафта, вклучително и бродови регистрирани во Турција, Индија и Обединетите Арапски Емирати.

Соопштено е и дека се воведени санкции против 15 правни и две физички лица.

Од првата администрација на Трамп, САД воведоа санкции со цел да ги принудат другите земји да престанат да купуваат иранска нафта.

Во петокот, иранскиот министер за надворешни работи индиректно се сретна во Оман со високи претставници на администрацијата на претседателот Трамп во врска со иранската нуклеарна програма и изјави дека има „позитивна атмосфера“.

Разговорите се одржуваат откако иранските власти насилно ги задушија некои од најголемите протести од Исламската револуција во 1979 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Стив Бенон сакал да ја финансира европската десница преку Епстин?

Трамп претходно се закани дека ќе употреби сила против Иран и го зголеми американското воено присуство во близина на иранскиот брег.