САД воведоа царини за увоз на соларни панели и машини за перење

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД Доналд Трамп одобри воведување царина на увозните компоненти за соларни панели и големи машини за перење алишта во обид да им помогне на американските произведувачи.

Одлуката е донесена вчера, по препораките на американската Комисија за меѓународна трговија.

На најголемиот број соларни модули веднаш ќе им биде воведена царина од 30 осто, за да во текот на следните четири години биле намалувана и на крај укината. Машините за алишта ќе се царинат со 50 отсто, а периодот за кој ќе бидат намалени или укинати е три години.

Кина го обвини Трамп дека го загрозува системот на мулиталтерална трговија делувајќи врз основа на американските закони наместо низ Светската трговска организација.