Американските команданти се во состојба на готовност за можни нови напади на Исламска држава, вклучувајќи потенцијални ракети или возила со бомби што би го погодиле аеродромот во Кабул, изјави началникот на Централната команда на американската армија, Франк Мекензи.
„Правиме се што можеме за да бидеме подготвени“, рече генералот Мекензи, во време кога американските сили брзаат да го завршат повлекувањето од Авганистан, пренесува Би – Би – Си.
https://kumanovskimuabeti.mk/kako-e-nastanata-i-koi-se-chlenovite-na-organizacijata-isik-k-vo-avganistan/
Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, нареди да се спуштат сите знамиња на Капитол на половина копје во жалост за смртта на американските војници и други луѓе во вчерашните терористички напади на аеродромот во Кабул.
САД се тркаат да ја завршат евакуацијата до крајниот рок до 31 август, договорен со Талибанците.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа рече дека напорите за евакуација ќе продолжат и покрај нападите и вети одмазда за нападот.
Бајден најави одмазда откако 13 Американци загинаа во нападот во Авганистан