САД: Убивме клучен човек во финансирањето на ИСИС

Сподели со своите пријатели

Војската на САД соопшти дека го убила клучниот човек за финансирање на терористичката организација Исламска држава, Фавез Мухамед Џубаира ал Рави.

Во соопштението на меѓународната воена коалиција која во војната против Исламската држава ја предводи САД, се наведува дека Ал Рави бил убиен во воздушен напад на 16 јуни во сирискиот град Абу Камал во близина на границата со Ирак.

Ал-Рави бил сопственик на банка во Абу Камал, која со своите финансиски контакти ширум светот, ја користел да префрла милиони долари на територија под контрола на Исламската држава и од таа територија, како и преку границата, се наведува во соопштението.

Американското Министерство за финансии вовело санкции против Ал-Рави и неговите компании во декември минатата година.

 

Loading...