САД уапсија 538 илегални мигранти, стотина депортирани

Сподели со своите пријатели

САД уапсија 538 илегални имигранти и депортираа стотици од нив, за време на големата операција спроведена веднаш по почетокот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, објави портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит.

Loading...

„Администрацијата на Трамп уапси 538 криминални илегални имигранти“, напиша таа во синоќешната порака на Х.

Администрацијата додаде дека „стотици“ мигранти биле превезени со воени авиони.

Таа рече дека „најголемата операција за масовна депортација во историјата е во тек“ и дека на овој начин „ветувањата се одржани“.

Трамп вети голема офанзива против илегалните имигранти за време на неговата изборна кампања и го започна својот втор мандат во понеделникот со потпишување серија извршни наредби наменети за запирање на приливот на мигранти во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Путин е подготвен за контакт со Трамп, Москва чека сигнали

Тој прогласи национална вонредна состојба на јужната граница на САД со Мексико и најави распоредување на војската и вети дека ќе ги протера криминалните вонземјани.

Непосредно пред објавувањето на Белата куќа, градоначалникот на Њуарк, Рас Барака, во синоќешната изјава рече дека агенти за имиграција упаднале во локална зграда и ги уапсиле станарите, а исто така и некои граѓани, без да покажат налог за апсење.

Њуарк се наоѓа во близина на Њујорк, пренесува Бета.

Loading...

На денот на инаугурацијата на Трамп, американскиот Сенат, во кој доминираат републиканците, усвои нацрт-закон со кој се бара од федералните органи за спроведување на законот да приведуваат нерегуларни мигранти и оние кои се осомничени за извршување одредени прекршоци или злосторства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп нареди да се објават документи за атентатите на Кенеди и Мартин Лутер Кинг

Новиот американски претседател денеска ќе ја започне посетата на Северна Каролина на југоисток и демократското упориште Калифорнија на запад, две држави погодени од природни катастрофи за кои републиканскиот претседател ја критикуваше претходната администрација.