САД тврди дека Зеленски е главна цел на руската агресија

Сподели со своите пријатели

Стејт департментот на САД во петокот соопшти дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски е „главна цел на руската агресија“.

Loading...

„Претседателот Зеленски ги претставува, дури и ги отелотворува, демократските аспирации и амбиции на Украина и на украинскиот народ.

„Се очекува тој да биде главната цел на руската агресија“, изјави портпаролот Нед Прајс за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека американските власти со недели зборувале дека руски агенти се инфилтрирале во Украина и дека „оперираат во земјата“.

Зеленски ги повтори американските коментари во Киев.

„Имаме информации дека на непријателот сум главната цел, а потоа и моето семејство“, рече тој во видео пораката. Тој изјави и дека има лажни извештаи дека го напуштил Киев.

„Останувам во главниот град со моите луѓе“, рече тој и додаде дека не може точно да каже каде се наоѓа.